Македонија

Мицкоски е без став и визија за стратешките прашања и делува против интересите на државата и на граѓаните, вели СДСМ

Христијан Мицкоски е политичар без став и визија за стратешките прашања и делува против интересите на државата и на граѓаните, вели СДСМ

„Затоа тој и целата ВМРО-ДПМНЕ лесно станаа заложник на популистичките политики и потпалувачките реторики на Левица.

И милитаристичките изјави на претседателот Мицкоски на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа во делот каде што тој кажува како бил доброволец и победувал во војна, покажуваат дека тој е заложник на Апасиев.

СДСМ ја внесе земјата во НАТО, ги отвори преговорите со ЕУ, а Мицкоски зборува за војни, конфликти и се натпреварува со Левица во тоа кој е поголем противник на ЕУ.

СДСМ и претседателот Ковачевски работат на остварување на оваа национална и стратешка цел, за подобар животен стандард, економски силна и напредна држава, со рамноправни граѓани, рамо до рамо со сите народи од големото европско семејство.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да бидат заложници на Левица и Димитар Апасиев и да работат спротивно од интересите на граѓаните и државата“, се вели во соопштението.

На почеток