МВР информира дека синоќа во 20.30 часот на клучката во село Смоквица полициски службеници запреле патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(45) од с.Арачиново, скопско. Притоа, во возилото биле затекнати седум мигранти, од кои шест од Авганистан и еден од Шри Ланка. Н.Р. бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На меѓуградската автобуска станица во Скопје, пак, вчера во 13.00 часот биле забележани пет мигранти кои допатувале со автобус од Куманово. По пристигнувањето, тие влегле во такси возило, кое набргу било пресретнато, по што возачот и патниците биле задржани во Полициската станица Карпош.
Со лицата бил извршен разговор и тие се предадени во Прифатниот центар за странци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
