Македонија

„Познат човек на „Водњанска“ продолжува да гради, иако инспектор двапати пишува решение за уривање“, вели Ивановска

Претседателката на Државната комисија за спречувањето на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска вечерва во гостувањето на „ТВ21“ наведе случај со објект во Центар, на улицата „Водњанска“ („Мајка Тереза“), кој продолжува да се гради на диво, иако општината повеќепати издала решение за уривање.

„Колку имате вие инспекциски наоди за дивоградби. Инспекторот ќе напише: ова треба да се сруши… еве ви го случајот на „Водњанска“ со познат човек кој е инвеститор на објект. Објектот изграден на четири-пет ката, доаѓа инспектор од општина Центар, двапати пишува решение за уривање, не се урива објектот, си продолжува да гради. Уште мајсторите им пуштаат предизвикувачка музика на околните граѓани дека законот ништо не им може. На што личи тоа? На ништо не личи, тоа е за срамота!, рече гневно Ивановска во емисијата „Клик плус“.

Таа додаде во моментов антикорупционерите го работат овој предмет.

На почеток