Македонија

Џафери не може да биде премиер и пратеник истовремено: оставка или ќе прекршува закони

Со Заклучок бр.10-3082/1 од 30.05.2024 година, Државната изборна комисија на Република Северна Македонија го објави завршувањето на Изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 8 мај 2024 година.

​По завршување на изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, Државната комисија за спречување на корупцијата, упатува сооопштение и ги повикува избраните функционери, да ги почитуваат начелата, обврските и забраните утврдени во Уставот на Република Северна Македонија, Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Законот за пратеници, Законот за собранието и Изборниот Законик.

​Уставот на Република Северна Македонија, предвидува дека Функцијата претседател на Владата и министер е неспојлива со вршење на други јавни функции или професии. (член 89 став 5)

​Ова недвосмислено произлегува и од:
​ Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и тоа:

​Почитување на начелото на интегритет, односно обврската при вршењето на функцијата да внимаваат на евентуален судир на интереси, а при извршувањето на јавните овластувања и должности не смеат да се раководат од лични, семејни, верски, партиски и етнички интереси, ниту од притисоци и ветувања од претпоставениот или од друго лице (член 4);
​ Избрано или именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите.​(член 44 став 1)

​Функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија или органите на локалната самоуправа се неспојливи една со друга. (член 44 став 2)

​ На избраните и именуваните лица, чии функции се извршуваат професионално, работниот однос им мирува согласно со закон. (член 44 став 3).
​Законот за пратениците на Република Северна Македонија:

​ Функцијата пратеник е неспојлива со функцијата претседател на Република Македонија, претседател на Владата на Република Македонија, министер, судија на Уставниот суд на Република Македонија, судија, народен правобранител, јавен обвинител и други носители на функции кои ги избира и именува Собранието и Владата на Република Македонија, со член на совет на општина и градоначалник на општина, односно градот Скопје и вработените на стручни и управни работи во органите на државната управа. (член 9)

​Законот за собранието:
​Функцијата пратеник е неспојлива со вршење на други јавни функции или професии, утврдени со закон. (член 7 ст.2) и
​Изборниот законик:
​Функцијата пратеник, член на совет и градоначалник е неспојлива со функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и со други носители на функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија. (член 8 став 1)
​Со денот на верификацијата на мандатот за пратеник, член на совет и градоначалник на носителите на функциите од ставовите (1) и (2) на член 8, функцијата им престанува. (член 8 став 5)
​Предвид сите погорецитирани закони, Државната комисија укажува на следното:
​ Уставот и законите на Република Северна Македонија треба подеднакво да важат за сите граѓани на државата, вклучувајќи ги и актуелните, но и претходните функционери, поради што се повикуваат лицата кои се на највисоки државни функции и вршат јавни овластувања, на обврската за почитување на начелата за законитост и интегритет.

​Непочитувањето на сите горенаведени обврски и забрани повлекува последица за престанок на мандатот на избраните функционери, согласно член 6 став 1 точка 3 од Законот за собранието, член 8 став 1, точка 3 од Законот за пратениците и член 152 став 1, алинеја 3 од Изборниот законик. Воедно, истото претставува прекршок за кој согласно член 105 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси се изрекува одредена прекршочна санкција.​

На почеток