Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека го поддржува договорот меѓу Скопје и Атина, но дека не го потценува народот во Македонија, кој, според него, испратил јасна порака.
,,Сметав дека договорот е добар и тоа го сметам и денес. Сметам дека секој договор е многу важен за народот на обете земји. Ние не се мешавме во внатрешните работи на двете држави, иако и јас како претседател и Владата го поддржав договорот”, рече Вучиќ на прес-конференцијата по средбата со известителот на Европарламентот, Дејвид Мекалистер.
Тој, сепак, додаде дека не е слеп за да не гледа што се случило и која е пораката на народот.,,Народот во Македонија донесе јасна и недвосмислена одлука и нема, како некои други, да ја игнорирам”, додаде тој.
