Силен земјотрес го погоди Чиле
Од
Објавено на
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди Чиле, соопшти рано утринава Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил во морето.
Земјотресот е на длабочина од 73 километри под површината на земјата, во близина на градот Кокимбо во истоимената провинција, според EMSC, пренесува Ројтерс.