Кипар денеска избира нов претседател
Кипар денеска избира нов претседател и се очекува од гласањето да нема јасен победник.
Околу 560.000 регистрирани гласачи ќе одлучуваат за новиот претседател во вториот круг од изборите на 12 февруари.
Избирачките места се отворени од 5:00 часот по средноевропско време до 16:00 часот, а резултатите се очекуваат два часа по завршувањето на изборите, пренесува Ројтерс.
Завршува ерата на претседателот Никос Анастасијадес, а меѓу 14-те кандидати за негов наследник се издвојуваат тројца политичари.
Фаворити се поранешниот министер за надворешни работи Никос Христодулидес, лидерот на десничарската партија ДИСИ Авероф Неофиту и дипломатот Андреас Мавројанис, кој е поддржан од левичарската партија АКЕЛ. Сите тројца главни кандидати имаат блиски односи со претседателот Анастасијадес, па не се очекува неговиот наследник премногу да отстапува од досегашната политика.