Сменет шефот на кинеската метеоролошка служба
Шефот на кинеската метеоролошка служба е сменет, објавија кинеските државни медиуми, откако кинески балон прелета над САД.
Кина тврди дека балонот бил метеоролошки, додека Американците се убедени дека бил користен за шпионажа.
Државната новинска агенција Ксинхуа ја објави веста откако висок функционер за одбрана на САД во четвртокот изјави дека САД следат кинески балон што летал над земјата во тоа време.
Жуанг Гутаи до петокот беше на чело на кинеската метеоролошка служба, но неговото заминување од таа позиција не беше неочекувано. Кон крајот на јануари, Жуанг беше избран за шеф на Народниот политички консултативен комитет на провинцијата Западна Гансу, политичко советодавно тело на покраината, пренесува Си-Ен-Ен.
Американски воени авиони соборија кинески балон над Атлантскиот Океан во близина на источниот брег на САД, потврди вчера министерот за одбрана Лојд Остин.
Операцијата стави крај на несекојдневната драма во американската јавност која предизвика дипломатски конфликт меѓу Вашингтон и Пекинг.