Свет

Шолц за разговорот со Путин: „Не ми се закануваше“

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш не му се заканил.

„Не, Путин не ми се закани ниту мене ниту на Германија“, одговори Шолц во интервјуто објавено во саботата за весникот „Билд ам Зонтаг“, на прашањето дали рускиот претседател му се заканувал телефонски.

Во исто време, шефот на германската влада истакна дека во телефонските разговори со рускиот лидер многу јасно се гледаат „сосема различни гледишта“ за актуелната ситуација во Украина.

Во врска со испораката на тенкови во Киев, Шолц истакна дека „Германија ќе продолжи многу внимателно да ги мери сите одлуки во иднина“. Сè друго би било невнимателно и крајно опасно“, изјави германскиот канцелар.

На прашањето дали има договор со украинскиот претседател Володимир Зеленски дека западното оружје ќе се користи само на територијата на Украина и дека Русија нема да биде нападната на нејзина територија, Шолц одговори дека „постои консензус за тоа прашање“.

Џонсон претходно откри детали од неговиот разговор со Путин, кој се одржа непосредно пред почетокот на специјалната воена операција во Украина. Тој рече дека го предупредил Путин за воведување санкции во случај на почеток на воените дејствија, а уверил и дека Франција и Германија нема да дозволат Украина да влезе во НАТО во догледна иднина. Поранешниот премиер рече и дека Путин наводно му се заканувал со ракетен напад за време на разговорот.

На почеток