Катимерини: Кипар го купува системот за воздушна одбрана „Железна купола“
Министерството за одбрана на Кипар постигна договор со Израел за купување на системот за воздушна одбрана „Железна купола“, соопшти Катимерини.
Според весникот, зделката е финализирана, иако ниту Никозија ниту Тел Авив досега јавно не го потврдиле.
Командантот на кипарската национална гарда, генерал-полковник Димокритос Зервакис, го посети Израел во март. Тогаш израелските одбранбени сили потврдија дека „…генералот ќе има брифинг на северната граница и ќе ја посети батеријата на системот за воздушна одбрана „Железна купола“.
Претходните извештаи во израелските и грчките медиуми укажуваа дека двете нации преговараат за договорот најмалку од почетокот на 2021 година, пренесува Спутник.
Кипар во моментов има системи за воздушна одбрана со краток дострел (SHORAD) произведени од САД. Според извештаите на медиумите, Никозија сè уште ги смета за „најдобри за најитните закани“. Сепак, кипарските сили за воздушна одбрана се сè позагрижени и за беспилотните летала од турско производство, вклучувајќи ги и беспилотните летала Бајрактар.
Катимерини известува дека кипарската национална гарда инсистирала на набавка на израелски системи за воздушна одбрана, наведувајќи ги нејзините „оперативни барања“. Израелскиот производител на оружје Рафаел го рекламира Iron Dome како „борбено докажан систем со над 2.000 пресретнувања“. Тој е способен да се спротивстави на ракети, минофрлачи и артилериски гранати, како и „авиони, хеликоптери и беспилотни летала на многу краток дострел“, според компанијата.