Америка предупредува: Русија ќе нападне во наредните денови
САД имаат разузнавачки информации дека Русија наскоро планира нови напади врз украинската цивилна инфраструктура и владини објекти, изјави претставник на американската администрација за Ројтерс.
„Имаме информации дека Русија ги засилува подготовките и ќе изврши напади врз украинската цивилна инфраструктура и владини објекти во наредните денови. Со оглед на досегашното искуство на Русија во Украина, ние сме загрижени за континуираната закана што руските напади ја претставуваат за цивилите и цивилната инфраструктура“, вели функционер кој сакаше да остане анонимен.
Службеникот исто така истакна дека неговата изјава се заснова на проценката на пониските нивоа на американските разузнавачки служби, наведува британска агенција.