Свет

Лајчак и Ескобар ќе ги посетат Белград и Приштина

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак и американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар најверојатно ќе ги посетат Приштина и Белград.

„Радио Слободна Европа“ повикувајќи се на сигурни дипломатски извори во Брисел пишува дека посетата има за цел уште еднаш да се разговара со страните за да се најде решение за издавање на влезно-излезни документи за српските државјани кои доаѓаат на Косово.

На 18 август Европската унија свика нова рунда на највисоко политичко ниво, но неколкучасовните разговори завршија без договор, а шефот на европската дипломатија Жозеп Борел најави продолжување на преговорите.

На почеток