„Брендот „Made in Germany“ пропаѓа насекаде“, вели извршниот директор на Дојче Телеком
Извршниот директор на Дојче Телеком, Тимотеј Хетгес, предупредува дека големиот просперитет предизвика извесна ароганција во Германија.
Како што додаде, поради ова „марката „Made in Germany“ се уништува насекаде“.
„Има големи проблеми со иновативната моќ на нашата земја. На пример, Германија е полоша од Грција кога е во прашање дигитализацијата на јавната администрација. Во другите земји нема толку хаос на аеродромите како кај нас. И за жал, големите проекти често повеќе не работат за нас“, критикува Хетгес за дневниот весник „Augsburger Allgemeine“.
Тој посочи дека Германците станале самодоволни, што е фатално во кризите.
„Мораме да го решиме проблемот и да го оправдаме тврдењето дека сме лидери во она што го работиме. Само тогаш е можен успехот, а иновациите и инвестициите се клучни“, рече Хетгес.