(Видео) Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка по вчерашните протести
Српскиот премиер Милош Вучевиќ се очекува наскоро да одржи вонредна прес-конференција во врска со синоќешниот напад врз студентите во Нови Сад.
„Донесов одлука да поднесам оставка од функцијата претседател на Владата на Република Србија. Утрово имав состанок со претседателот на Републиката и ја прифати мојата одлука“, рече Вучевиќ и додаде:
„Кога на крајот на април минатата година го добив мандатот од претседателот за формирање влада, секако имав силно чувство на гордост, но пред се се обидов да ја разберам одговорноста што ја повлекува оваа работа и оваа функција. Свесни дека има бројни предизвици за Србија и регионот, комплицирана ситуација. Но, се гледав и како дел од политиката на континуитет од првата влада на А.Вучиќ, дека продолжуваме по истите патишта. Горд сум на се што направивме како влада заедно со претседателот во последните 9 месеци. Мислам дека постигнавме значителни резултати во економијата… Се движиме во добра насока. Она што фрли голема сенка врз мандатот на оваа Влада е трагичниот настан во Нови Сад. Голема трагедија, загуба на животи, тешки повреди… Од тој момент Србија како да е заглавена во таа несреќа. За жал, уште еднаш видовме политички злоупотреби на оваа трагедија и обид на некој политички да капитализира од катастрофата и загубата на човечки животи. Двајца министри поднесоа оставки. Се отвори истрага, се покажа дека нема привилегирани лица, дека ништо не се крие… На барање на студентите се обидовме да ги објавиме сите документи кои треба да бидат јавно достапни“.
Тој рече дека одлуката ја донел за да се почне со смирување на тензиите.