(ВИДЕО) Нова руска база: Откриена локацијата
Руските сили изградија база на северот на Крим, известува Брејди Африк од Американскиот институт за претпријатија.
Аналитичарот наведува дека базата има хелиодром, фиксен периметар, а видливи се и траги од возилата.
Фотографиите се појавија неколку дена откако руските власти на Крим соопштија дека национализирале околу 500 имоти на полуостровот, вклучително и некои кои им припаѓаат на високи украински политичари и бизнисмени.
Во изјава за Телеграм, Владимир Константинов, претседателот на кримскиот парламент, рече дека декретот е насочен кон „соучесниците на режимот во Киев“ и дека национализираните средства вклучуваат банки и туристичка и спортска инфраструктура.
Russian forces built a base in northern Crimea toward the end of 2022. Satellite imagery shows that it has a heliport and fortified perimeter. pic.twitter.com/l9Uvsb1Rdy
— Brady Africk (@bradyafr) February 4, 2023