Свет

Хрватски голман во самиот епицентар на земјотресот во Турција: „Минута и пол буквално се се тресеше“

Поранешниот голман на хрватската репрезентација Марио Галиновиќ веќе подолго време работи во Турција, која синоќа беше погодена од разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала.

Галиновиќ се наоѓа во Газиантеп, а епицентарот на земјотресот бил недалеку од тој град.

– Ужас, тешка катастрофа. Не можам ни да ви опишам колку сме шокирани од овој земјотрес, а сега три часа подоцна седам во кола со жена ми и чекам се да престане. По тој голем земјотрес, имаше уште еден малку помал што се чувствуваше исто, ситуацијата е страшна – изјави Галиновиќ, пренесе „Вечерњи лист“.

Тој рече дека првиот земјотрес траел минута и половина.

– Можете да замислите како се се тресеше. Секако, набрзина истрчавме надвор, чекавме се да се смири – рече тој и додаде дека облакодерите биле добро изградени па немало колапс.

– Ова е страшно чувство, а вакви земјотреси од 7,8 Рихтер нема ни во Јапонија. Прво се слушнав со моите пријатели овде, сите се добро, сепак тоа е најважно. Знаете, вие сте малку погодени од овие ситуации, се чувствувате целосно немоќни. Тешко ми е да го споредам овој земјотрес со оние во Хрватска, само знам дека овој беше многу посилен, ужас – рече тој.

На почеток