(ВИДЕО) 16-годишно момче спасено од урнатините по 119 часа
Од
Објавено на
16-годишно момче е извлечено живо од урнатините на уништената зграда во турскиот град Кахраманмарас 119 часа по разорниот земјотрес.
Во драматичните сцени прикажани во живо на CNN Turk, Камил Чан беше извлечен на површина со насмевка на лицето. Се чинеше дека е во добра форма.
Спасувачите рекоа дека го пребарале местото откако го слушнале неговиот глас под урнатините.