Македонија

Стојановски до Алтенатива: На клоци ве избркаа, откако ве искористија

Остри критики од пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ за пратениците од Алтернатива. Стојановски ги нарече „политички измамници“ бидејќи додека гласачите очекувале да ги симнат ДУИ од власт, тие пред 13 месеци влегле во коалиција со нив, за сега, како што рече, да клоци да ги изнесат од Владата. Стојановски им порача: „По овој ден, со вашиот политички субјект е завршено. Мудрите гласачи нема да ви дадат глас“.

„Бевте предупредени пред 13 месеци што ќе се случи и како ќе завршите од овие кои немаат морален компас, ниту етика во функционирањето. Се што направивте пред 13 месеци, кога бевте предупредени, дадовте рок на овие да крадат и пљачкаат. Решивте да застанете рамо до рамо со оние кои ве испокрадоа на локалните во Чаир и да им ги продолжите нивните мандати и да ве направат она што неминовно сте“, посочи Стојановски.

Тој ги нарече брутално искористени, а за Владата посочи дека се без почит за Алтернатива.

„Брутално бевте искористени, брутално ви беше раскината коалицијата и на клоци ве избркаа надвор од Владата немајќи елементарна почит да го почекаат централното претседателство за да им ја соопштите одлуката. Ги изневеривте гласачите и сите оние кои ви го дадоа гласот мислејќи деа вие сте таа опција, таа алтернатива, за да ги симнете ДУИ по 20 години. Докажавте дека не сте ништо друго, освен трговци на берза кои што тргуваат со гласот на чесните граѓани. И така ве перципираат“, кажа Стојаноски.

На почеток