За да не се зборува за уставни измени и Бугари, ќе го забавуваат народот кој нарачувал гнасни текстови кај Марјан Доказ, вели Јоци
И сега до избори, за да не се зборува за уставни измени и Бугари, ќе го забавуваат народот кој нарачувал кај Марјан Доказ гнасни текстови. И на секое рочиште ќе излегуваат по две имиња кои биле соучесници во рекети, давање кешарици, пласирање лаги за јавни личности, вели Јорданка Ивановска Јоци во својата објава на социјалните мрежи
„А, богами не се малку очито. Само јас знам десет имиња, самиот дрндаше на сите страни. Освен ако не лажел, а и тоа е опција, но тоа ќе го утврди МВР.
Во последната наша комуникација, пред година и пол, во која се каравме токму за негови отстрели кон мои пријатели, му реков на Марјан дека еден ден ќе му требаат пријатели. Тој ми рече дека имал⁉️ Така и заврши тој муабет. Со ,,оккк”…
Тие што мислеше дека му се во некоја мера, пред некој ден го пуштија низ вода. Но, ваљда е свесен сега во Шутка.
Многу збореше и што треба и што не треба, али он си знае.