Јоци: Павле како искусен џандар со добри информации, има развиен инстинкт да бега на време од бродот кој тоне
Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кажа дека нема да ја поддржат реконструкцијата на Владата и нема да биде дел од парламентарното мнозинство. Трајанов посочи дека ќе ги поддржуваат само проектите за имплементација на европските стандарди, а со цел влез на Македонија во ЕУ.
Во врска со ова на социјалните мрежи се огласи Јорданка Ивановска Јоци која вели дека Трајанов има развиен инстинкт да бега на време од бродот кој тоне.
„Павле како искусен џандар со добри информации, веќе 20 години има развиен инстинкт, кој не го лаже, да бега на време од бродот кој тоне.
Башка, лут е што му го зема Данела ,,Градски паркинг”. Истата Данела на која власта и` дава ветер во едра, а на која тој откажа љубов“, стои во објавата.