Кукавицата Груевски кој од вторник ќе е излитен мантил реши да се пресмета со Јанкулоска без опипливи докази, со удбашки муабети“, пишува Јоци


Политичката анлитичарка и поранешна новинарка, Јорданка Ивановска-Јоци, го прогласи експремиерот и бегалец Никола Груевски за излитен мантил по поткастот „Претрес со Ландов“ каде гостуваше ексминистерката за внатрешни работи, Горгана Јанкулоска.
„Кукавицата, кој од вторник ќе биде само излитен мантил, нали #Никола #Груевски, во налет на бес реши по неколку години да се пресмета со #Гордана #Јанкуловска, хаха. И секако без никакви опипливи докази, само со глупи удбашки муабети како стринка, нешто од типот – ,,јас на сите кои беа под прогон им кажав да бегаат со мене, да земат фамилии, дури и на неа, она прифати, па после се премисли. И имаше два сведока на тие средби”.
Нешто како и он што си ја зема фамилијата таму и сега сите среќно си живеат, нали? А, бе, патетична смејурија е човеков. Сите на кои им кажал да бегаат, се премислиле, само он не 😂 И сите биле кодоши, хаха. Туку, Јанкулоска, иако со години го кажува истото за него, тој дури сега реши да фрла камења по неа, откако ВМРО победи и ќе прави влада. Хах. Има еден предобар коментар кај него на профил, еден лик му пишал како оставањето пријатели на цедило остава последици по психата“, напиша Јоци.
Таа додава: „Едноставно, патологијата на Груевски е таква – не знае како да живее без моќта во минатото и одушевувањето, фасцинацијата што ја добиваше од толпата, аплаузите, лајковите..“.
