Коментари

(Видео) Рамковски за Заев и Груевски: Проститутката и вика на таа до себе, држи ми го копилево

Сопственикот на згаснатата А1 телевизија, Велија Рамковски говорејќи за експремиерите Зоран Заев и Никола Груевски на социјалните мрежи, ги спореди со поговорка за проститутки. 

„Зоран Заев е преварант кој тешко да мајка може повторно да роди. Превари се што можеше да превари. И стави катанец на партијата, ги изневери сите кои веруваа во него. Сега го стави Филипче да на 15 октомври му стави втор катанец на партијата. Грујо кажува како Зоран Заев инвестира во Дубаи 600 милиони евра за да гради зграда. Не знам дали е така, меѓутоа, ме потсети на една поговорка – проститутката и вика на таа до себе, држи ми го копилево, да и покажам на оваа ороспија која е, што е“, рече Рамковски во видеото.

Па потоа објави видео дека го нападнале „груевисти“ и „заевисти“.

„Аман луѓе од затвор не се плашам воопшто. Ја чувствувам Македонија многу повеќе моја отколку на Заев и Грујо“, рече Рамковски.

Watch on TikTok

Рамковски беше осуден на 13 години затвор во време на Груевски. Во август 2017 година, кога СДСМ владееше со Македонија тој излезе од „Идризово“ на лекување. Оттогаш, не се врати.

На почеток