Коментари

Зошто да нѐ отвориме државни супермаркети, со 10% маржа?

Познатиот токсиколог, д-р Нико Беќаровски, предложи решение за спречување на постојаниот раст на цените на основните прехранбени производи.

Тој ја реафирмираше идејата за некогашните народни продавници, познати како „НаМа“ (Народен Магазин) и предложи нивно повторно отворање низ целата земја. Според него, ваквиот концепт би можел да обезбеди пристап до квалитетни и поевтини намирници за граѓаните.

„Зошто да нѐ отвориме државни супермаркети ‘НаМа’ (Народен Магазин) кои ќе работат со фиксна маржа од 10% на сите производи, во сите општини низ Македонија? Газдите на приватните маркети сами нека одлучат со колкава маржа ќе се ‘заситат’. Ем профитот од преку 35 милиони евра ќе остане во државниот буџет, ем цените ќе станат европски“, објави Беќаровски.

На почеток