Се скараа експремиерите: Заев вели дека Груевски е забеган во умот, по тврдењето дека гради кула во Дубаи со „перени пари“


Поранешниот премиер Никола Груевски вели дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над 600 милиони евра, со средства стекнати преку масовен рекет и злоупотреба на власта. Според Груевски, голем дел од парите биле пренесени со приватен авион и депонирани на банкарска сметка во Дубаи. Тој исто така тврди дека Заев подготвува нова инвестиција во друга азиска држава. Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук објави дека најголемиот дел од средствата за инвестиција во кула со 82 ката во Дубаи, вредна над 600 милиони евра, се проневерени и пренесени во оваа држава преку приватен авион, каде што биле депонирани на банкарска сметка. Груевски обвинува дека парите за оваа инвестиција се заработени преку масовен рекет и злоупотреба на власта, особено во периодот на владеењето на Зоран Заев. Според него, проневерените средства биле пренесени во кеш со приватен авион и депонирани на банкарска сметка во Дубаи.
„Тој веројатно во моментот е многу горд на себе во овие денови, кога според информациите, започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи, инвестиција од над 600 милиони евра. Најголем дел од парите за оваа инвестиција се проневерени преку масовниот рекет, како никогаш во постоењето на Македонија, и со злоупотребата на власта за време на неговото владеење“, напиша Груевски.
На ова во коментари врати експремиерот Зоран Заев, го нарече Груевски „забеган“.
Колку треба човек да е забеган во умот да кажува и тврди вакви глупости. Суетните само чекат да се фатат на вакви будалаштини за да си ја залечат суетата. А некои луѓе кои многу добро и јас ги познавам а и тие мене, овде коментираат нешто во што и самите не веруват ама и јас и тие добро знаеме зошто тоа го прават.
Заеви вработуваат преку 1000 луѓе во Македонија. Така било пред да бидам во политика, така било додека сум бил во политика, така е и сега. Ве гушкам камелеони офарбани со сите бои“, стои во коментарот.
