Ако матична држава на сограѓаните Албанци е Македонија, како фудбалската репрезентација на Албанија е нивен национален тим, прашува Славески
Професорот и преседавач со Советот на Град Скопје, Трајко Славески, му замери на претседателот на движењето Беса, Билал Касами за објава на социјалните мрежи. Според преводот кој го објави Славески, Касами тимот на Албанија го нарекува „национален тим“. Тој го праша отворено Касами, чија партија е дел од коалицијата ВРЕДИ, која пак, коалицира со ВМР0-ДПМНЕ, според која логика оваа фудбалска репрезентација е негов национален тим?
„Национален тим?
Зошто кога консензуално се договоривме и прифативме дека нашите сограѓани етнички Албанци не се малцинство во Република Македонија, некои нивни лидери самите ги промовираат во малцинство?!
Разбирливо е за едно малцинство да се поистоветува со институции во матичната држава. Но, ако матична држава на нашите сограѓани етнички Албанци е Македонија, а не Албанија, според која логика фудбалската репрезентација на Албанија може да биде нивен национален тим?“, напиша Славески.
https://publish.twitter.com/?url=https://twitter.com/TSlaveski/status/1802625757186818320#