Коментари

Јоци за Арсовска: Она има рејтинг – растурен компир, со сила и градат некој карикатурален имиџ на ,,Лара Крофт против мафијата”

Деновиве во медиумите беше објавена ифнормација дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска можно е да формира своја политичка партија.

Наводно,идејата постои извесно време, а се заснова врз проценката на нејзините советници дека таа уживала голема поддршка кај граѓаните, односно интелектуалците, граѓанскиот сектор, дел од неопределените гласачи.

Јоци вели дека оваа информација била објавена уште лани од нејзина страна, но и дека Арсовска нема поим од избори.

„Ова вчерашно инфо за формирање партија јас го објавив уште лани, а таа одговори на тв дека – сé е во игра.
ℹ️ Она нема поим од избори, подем на партии, кампањи, рејтинзи, психологија на маса и мисли дека ќе одземе вмровски гласови и ќе направи штета на опозицијата и на Мицкоски, кој и` е ноќна мора и фиксација.
Секако, тоа нема врска со реалноста, бидејќи она има рејтинг – растурен компир.
Башка никој не и` објаснил што значи Донтонов модел и како се делат пратенички места.
Опкружена е со луѓе кои си викаат меѓу себе ,,ој војводо, ој сердаре” и така некако се во филм дека се прејаки и дека ќе рушат ,,систем со дигалка”. (цитат: Тетовирање)
Таргет на таа мала групичка се Ѓорче и Карпош, тамошните гласови и гласачко тело.
Но, парламентарни избори се пекол во споредба со локални. И веќе се знае победникот.
Гласачите, особено на десницата не се премислуваат толку лесно, не се ,,рашетуваат” по помали партии и крваво се тепаат за своите.
И она најинтересното, на уста се многу јаки и на оговарање док партијата им е во опозиција, па дрндаат како ,,нивните” за ништо не ги бива, но на крај пак гласаат за своите. Затоа и имено рејтингот на ВМРО е 20 отсто, за половина повеќе од СДСМ, а јас сметам дека е уште помал на Бихаќка од нотираниот.
Ај, ќе научи женичкава.
Навивам да формира партија и сама да си се качи и да се шета на криво магаре.
П.С: Иначе пресмешно е како со сила и` градат некој карикатурален имиџ на ,,Лара Крофт против мафијата”, али ај за тоа другпат“, вели Јоци

На почеток