Коментари

Ако се прашувате на какви изроди мислел Делчев кога рекол дека Македонија најмногу страдала од своите синови изроди, ете ги примероците во СДС, вели Тасевски

Актерот Сашо Тасевски за скандалот со избришаните книги Црно семе и Црнила.

„ Ете, точно е. Црно семе романот на Ташко и Црнила на Чашуле избришани се како лектири.

За наредните генерации Македонци да заборават на етничкото чистење кое врз нив го спроведе Грција по граѓанската војна и да заборават дека Бугарија отсекогаш имала претензии да ја окупира или анектира Македонија. Да го побугарчи македонскиот народ.

Ако се прашувате на какви изроди мислел Делчев кога рекол дека Македонија најмногу страдала од своите синови изроди, ете ви ги примероците во пиљарата наречена СДС со Таче на чело. Изроди капиталци

Баш на такви мислел.“ напиша тој.

На почеток