„Роди ме мајко Дарданишта и фрли ме на буниште…пардон у Комунална…“, вели Тасевски
Актерот Сашо Тасевски, кој важи за еден од луѓето кој ја критикува власта и за тоа нема влакна на јазикот, повторно е актуелен со статусот посветен за скандалите во Комунална Хигиена.
„Роди ме мајко Дарданишта и фрли ме на буниште…пардон у Комунална…
Еве ја шансата што им ја создаде Косана. Да шутирате пенал.
Влезете сега во пошта, министерство за здравство, економија… во сите претпријатија што ги водеа ДУИ со години.
Објавете ги јавно сите фамилии што ги вработувал и откази.
Така прави држава која сака да,се бори против безвластието и корупцијата.
Не да отворате устав, туку да ги отворите ко пупка далаверите на ДУИ.
До кога ќе им се плашите?
Ете видовте, Косана ем жена ем не им се исплаши.
Таман ви оди во прилог што и на Американциве изгледа им докурчија.
Па почнаа да ги ставаат на црни листи. Да кукаат дека ни трошка немаме мрднато за подобрување во судството, иако фрлиле милијарди за тоа.
И чудно…
Архивата на кумановскиот суд одма се запали и изгоре.“, напиша Тасевски.