Коментари

Димоски: Очекувано меѓу избраните обвинители не е Ленче Ристоска, затоа напредувале оние за кои постои сомневање дека го оштетиле буџетот

Не можеме предвреме да речеме дека ќе елиминираме некого заради тоа што во јавноста се шпекулира поради нешто, не знам на кој начин би го вршеле тој дел како Совет, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, во врска со изборот на обвинителот Артан Ајро во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Во однос на неизбирањето на обвинителката Ленче Ристовска во Вишото јавно обвинителство, претседателот на Советот изјави дека немале можност да ги проверат резултатите од нејзиното работење и дека таа би можела да се јави и на конкурсот во септември. Јолевски дополни дека кај обвинителката Ристовска периодов има недостаток на работа по предмети.

Во врска со ова на социјалните мрежи се огласи поранешниот обвинител Војо Димоски.

„Советот на јавни обвинители се дрзнал во услови кога има тотално разнишан легитимитет, да врши избор на обвинители во повеќе обвинителства низ Македонија.
Се разбира изборот е соодветен на моралното и стручно ниво на оние што избираа, па сосема очекувано меѓу избраните не е колешката Ленче Ристоска. Затоа напредувале обвинители за кои на пример, постои сомневање дека со работењето го оштетиле буџетот на РМ и да не набројувам понатаму бидејќи помалку сум уморен од зборување на темата.
Зборот ми е дека пораката што ја испратил Советот е дека нема место за квалитетни кадри во Обвинителството.
Проблемот е што квалитетните кадри во сите варијанти ќе си го најдат својот пат, ама клучните државни органи ќе останат окупирани од медиокритети.
Чарето е во длабински и сеопфатен ветинг и само политичката партија која ќе даде сериозни гаранции за тоа, ќе добие глас од мене.

На почеток