Коментари

Треба со име и презиме да ги посочиме тие што и вршат притисок на колешката Ленче Ристоска заради искажан став, вели Димоски

Согласни се дека резултатите се алармантни ама наместо анонимно, за притисоците да зборуваат јавно. Судскиот и Советот на јавни обвинители ја повикаа фелата да пријави кој од власта, политиката и колегите им влијае какви одлуки да носат.

Судиите да се охрабрат и ги пријават притисоците на кои се пожалиле во анонимната анкета. Првиот човек на Судскиот совет смета дека со молчењето, неговите колеги го загрозуваат сопствениот интегритет.

Екс обвинителот Војо Димоски на социјалните мрежи даде свој коментар во врска со оваа изјава.

„O really !? Советот нека си побара во електронската пошта за 2021/22 година. Ќе најдат повеќе писма напишани од мене лично, за притисоците што сум ги имал како Јавен обвинител. Ако пак тоа не им помогне нека ја побараат мојата кореспонденција со Државниот обвинител каде со име и презиме наведувам кој вршел притисоци врз мене и не само што наведувам, туку и ги пријавувам! А ако им е тоа малку нека кликнат на линкот подолу во првиот коментар.
Треба ли со име и презиме да ги посочиме тие што и вршат притисок на колешката Ленче Ристоска заради искажан став со кој патем речено ја долови суштината на Советот и неговите членови!
Зборот ми е не треба да ви се посочуваат имиња, треба да ви се тутне огледало пред суратите и тоа што ќе го видите таму да ви биде одговор!
Вие смешни човечиња“, вели Димоски

На почеток