Кој ќе го гони државниот обвинител, ако знаеме дека одамна обвинителството е организирано како криминална групација, вели Димоски
Боже мили, до кое ниво на апсурд е доведена ситуацијата во Македонија: Работите се развиваат во правец неминовно да треба да биде уапсен Државниот обвинител, вели поранешниот обвинител Војо Димоски.
„Кој ќе го гони, ако знаеме дека одамна обвинителството е организирано како криминална групација, па влијанијата да се стори нешто незаконито во предметите кои тргнуваат од Државниот обвинител, беспоговорно ги извршуваат Вишите и Основните обвинители. Во тој круг на “јас тебе војводо, ти мене сердаре” има некојпат кеш, а некојпат тргување со влијание, а секојпат негативна солидарност.
Затоа, сега повеќе од било кога имаме потреба од радикален рез во органите на прогон. Институциите немаат капацитет тоа да го сторат, па затоа сметам дека е време за улица! Институциите се дел од проблемот во случајов, а не од решението. Не може јас, обичен провинциски адвокат да имам информации за скриените богатства и станови на судии и обвинители, а обвинителството и УЈП да немаат“; додава Димоски.