Коментари

Јованов за изјавата на Тренчевска: Пари има, ама наместо на народот, им служите на странците и многу крадете

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска врска со протестот на пензионерите истакна дека Министерството е отворено е дека секој граѓанин може да се обрати и достави барања до него, како што беше и средбата денеска со претставниците на Иницијативниот одбор на пензионери на Македонија во просториите на Министерството.

Во врска со линеарното зголемување од 3500 денари на сите пензионери што претставува 220 милиони евра годишно, министерката посочи дека ваквото зголемување ќе ја стави под прашање стабилноста на фондот.

Во врска со оваа изјава на министерката, на социјалните мрежи се огласи професорката Тамара Јованов,

„Барањата на пензионерите ќе чинеле 220 милиони евра годишно.
Нека каже Владата колку милиони годишно чини членството во НАТО?!
Наговестување: приближно исто.
Пензионерите се генерација која не’ школуваше, лекуваше, ги чистеше градовите, ги одржуваше компаниите, произведуваше вредност и хранеше идни генерации, за да денес не’ има тие што сме.
НАТО, освен што не’ раскара со незападниот свет, ни наплаќа членство и ни продава старо оружје за стотици милиони евра годишно за потоа да го донираме во туѓи војни, ни бара наши војници за профитерски војни по светот, бесправно напаѓа држави од наша територија, си ќути за внатрешниот сепаратизам кој ни се случува и отсекогаш ни е најголемата опасност, додека соседите повторно не’ угнетуваат и крадат идентитет и историја, само овојпат не со оружје, туку со административни европски процедури, со амин од Европа и НАТО…
што арно ни донесе, за тие стотици милиони евра годишно?
Пари има, ама наместо на народот, им служите на странците и многу крадете“, вели Јованов.

На почеток