Коментари

Обвинителство не смеело да даде наредба да се вештачи на Електро, нити Електро смеело да вештачи поради конфликт на интереси, вели Митровски

Во документарецот на ИРЛ за модуларната болница во Тетово беше објавено дека и покрај тоа што имало три вештачења, обвинителството побарало и четврто кое го изработил Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Адвокатот Јанаки Митровски вели дека Обвинителството не смеело да даде ваква наредба оти Кочо Анѓушев е профеор на овој факултет.

„Три вештачења кои утврдуваат одговорност кај изведувачот обвинителство ги игнорира, нарачува четврто пази на Електро каде Кочо е професор и види чудо вештачењето не вели нема вина туку дека е градено согласно спецификација, а спецификацијата ја прави мадам Вања која потоа се запослува кај Кочо!!!
Нити обвинителство смеело да даде наредба да се вештачи на Електро, нити Електро смеело да вештачи поради очигледен конфликт на интереси. Апс за Љубомир Јовевски!!!
#УбиствоВоТетово #АпсЗаЈовевски“, вели Митровски.

обвинителство смеело да даде наредба да се вештачи на Електро, нити Електро смеело да вештачи поради очигледен конфликт на интереси

На почеток