Коментари

Хајредини до Грковска: Борбата против корупцијата ќе зајакне само кога корумпираните, кои со тебе се на власт, ќе одат во затвор

Целта на работната група за подготовка на законот, која вчера го одржа првиот состанок, е до средината на септември да се подготви решение кое потоа ќе оди на мислење до Европската Унија и до Венецијанската комисија. Според вицепремиерката Грковска, која претседава со ова тело, ваквото законско решение ќе биде додадена вредност во алатките за борба против корупцијата.

Џевдет Хајредини преку социјалните мрежи и се обрати на Славица Грковска, вицепремиeр за борба против корупцијата и криминалот.

„Не, Гркова, борбата против корупцијата ќе зајакне само кога корумпираните, кои со тебе се на власт, ќе одат во затвор“, вели Хајредини.

На почеток