Коментари

Хајредини: Невозможно во еднаква службена употреба да биде албанскиот јазик кој не го знаат 80% од граѓаните

Ексминистерот за финансии и политички аналитичар, Џевдет Хајредини, кој сега е дел од Советот за безбедност на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, смета дека албанскиот јазик не може биде еднаков со македонскиот.

„Невозможно е да се биде во еднаква службена употреба, во унитарна држава како Македонија, албанскиот јазик, кој речиси 80 отсто од вкупниот број граѓани ниту го зборуваат, ниту го знаат“, напиша Хајредини.

За Законот за јазици, се огласи и професорката по право, Мирјана Најчевска.

„Меѓународната заедница ни порача дека Законот за јазиците не е добар. Значи треба да се промени.
И за тоа треба да се разговара. Секое спротиставување на отворање демократска расправа за овој закон и закани со насилство треба да биде санкционирано како противзаконско и противуставно“, напиша таа во еден статус, па објави следен во кои им се ибраќа на 250-те потписници од албанската академска заедница кои упатија писмо до уставните судии за Законот за јазиците.

„Прво, Уставниот суд не смее да донесе никаква одлука без отворање на јавна експертска расправа.
Второ, на секој од овие потписници на писмото треба да им се испрати примерок од: 1. Уставот на Македонија; 2. Рамковната конвенција за заштита на малцинствата; 3. Повелбата за регионалните и малцинските јазици 4. Охридскиот рамковен договор; 5. Мислењето на Венецијанската комисија за актуелниот Закон за употреба на јазиците на малцинствата во Македонија; Да им се испратат на: македонски, албвански и англиски; Чисто да бидеме сигурни дека ќе ги прочитаат. А можеби треба и една презентација со објаснивање што всушност кажуваат бидејки очигледно знаат да читаат ама не го разбираат тоа што го читаат“, додаде Најчевска.

На почеток