Свет

Силен земјотрес во Турција

Нов силен земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер вечерва го погоди централниот дел на Турција, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на потресот бил во близина на градот Антакја, на длабочина од 19 километри. Како што пренесува ЕМСЦ, земјотресот се почувствувал и во Сирија.

Ова е 32-ри земјотрес што ја погоди земјата во последните 69 часа. Засега нема информации за нови оштетувања и жртви.

Според последните податоци, над 41.000 луѓе загинаа во двата силни земјотреса што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари.

На почеток