Македонија

МНР ја предаде вербалната нота на грчкиот амбасадор за уставни измени

Македонија синоќа испрати нота до грчкото Министерство за надворешни работи, информирајќи дека ги исполнила сите легислативни услови што се бараат со договорот потпишан помеѓу Скопје и Атина за ставање крај на деценискиот спор околу името .

Од македонско МНР посочуваат дека во вербалната нота, грчката страна се информира дека Собранието на РМ на 11 јануари ја усвои oдлуката за прогласување на четирите амандмани на Уставот на Република Македонија и одлуката за прогласување на уставниот закон за спроведување на амандманите со што Македонија го исполнила договореното.

На почеток