Лазаров за обвинувањата: Се дига лажна хајка и се оцрнува моето име
Подкастот кој младиот јутјубер и инфлуенсер Стефан Лазаров го сними со новинарот Драган Павловиќ-Латас наиде на жестоки реакции во јавноста.
Конкретно, спорен е делот од разговорот каде поранешниот главен и огдоворен уредник на телевизија Сител зборува за своето прво сексуално искуство.
Неговото официјално обраќање до јавноста ви го пренесуваме интегрално:
Чувствувам морална одговорност да Ви се обратам на сите по скандалозните обвинувања дека сум подржувач на силување и на малтретирање на жени. Од старт сакам да кажам и потсетам дека од првиот ден зборувам јавно за еднаквост, поддршка и љубов помеѓу мажите и жените и никогаш не сум дискриминирал ниту пак сум подржувал изживување врз женскиот род. Многу од вас можеби слушате и првпат за мене денес па си формирате своја слика на лажни обвинувања. Тие што ме следат постојано точно знаат каков човек сум и за што се залагам!
Во мојот подкаст Латас раскажа ситуација од своите средношколски денови и во ниту еден момент не кажа дека некоја девојка била СИЛУВАНА!
Жално е што се дига лажна хајка и се оцрнува моето име и се она што го работам изминативе години. Не би сакал да навлагам во детали, но кога некој покренува иницијатива со вакви сериозни обвинувања, фер е да се изгледа видеото и да се види дека ситуацијата била сосема поинаква и не станува збор за силување. И јас имам и мајка, сестра, девојка, баба и многу пати пак, ќе повторам , сум зборувал за еднаквост!
Јасно ми е дека живееме во држава во која се чека момент да уништите некого и немам проблем со тоа, но да прифатам дека сум подржувач на силување нема никогаш.