Македонија

Со утринското соопштение СДС си го брани криминалот на својот газда ДУИ, Груби од преведувач стана милионер, вели ВМРО-ДПМНЕ

Со утринското соопштение СДС го докажа тоа што го говориме дека криминалот во оваа држава има газда, а тоа е ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС брани тоа што Груби е фатен жив во тежок криминал. СДС има потреба да го брани својот стопан, и фактот што на сомнителен начин семејството Груби стана сопственик на половина милион евра вреден објект во најстрогиот центар на градот Скопје. И тоа со помош на директорката на биро за метрологија која важи за кадар токму на Артан Груби, а поставена од владата на СДС.

Ковачевски на тој начин го брани ДУИ и функционерите на ДУИ за да го оправда и својот криминал.

И СДС се вклучи во создавањето на хистерија за антиалбанство која е впрочем димна завеса секогаш кога се фатени во криминал. Никогаш не им е грижа ниту за Албанците, ниту за Македонците туку само и само се загрижени за зголемување на личниот имот и личното богатство“, се вели во соопштението.

На почеток