Македонија

„Ставот за Асоцијација на албански Општини е мој личен, не на партијата“, вели Ибрахими

Ставот за Асоцијација на албански општини е мој личен, не на партијата, вели генералниот секретар на Алтернатива Зеќирија Ибрахими, за ТВ21.

„За поддршката на Претседателот на партијата за ова прашање ќе треба да го прашате него лично. Ставот за Асоцијација на албански Општини е мој личен, не на органите на партијата. Меѓутоа, јас сум генерален секретар на Алтернатива и не сум само поединец во партија. Но, за да бидеме прецизни, немало некој состанок во партија за овој став, кој е само мој политички став, потикнат од моите политички и интелектуални yбедувања.“, рече Ибрахими.

На почеток