Свет

Северна Кореја ja обвини Америка за растечките тензии на Корејскиот полуостров

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги обвини САД за растечките тензии на Корејскиот полуостров, објави севернокорејската државна агенција, пренесува Ројтерс.

Шефот на Одделот за надворешни работи во тоа министерство ги обвини САД дека ја „комплицираат“ ситуацијата, критикувајќи ја денешната воена вежба на САД во која беше вклучен и бомбардерот Б-52.

Јужна Кореја и САД почнаа заеднички воени вежби во кои учествува најмалку еден американски бомбардер со нуклеарен врв Б-52Х, објави претходно денеска јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

На почеток