Македонија

Единствена Македонија: Македонскиот бугараш Димитров со писмото до Грција и официјално потврди дека нема Македонци

„Маските на марионетската власт во Скопје паднаа. Со писмото на македонскиот бугараш Никола Димитров до грчкото министерство за надворешни работи во кое пишува дека нема македонска националност, всушност се потврдија стравувањата дека владата на Заев брише се што е македонско.

Со писмото Димитров и официјално потврди дека со Договорот за промена на името се бришат името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ оти според писмото нема македонска етничка група а кое писмо грчкиот премиер Ципрас го прочита и во грчкиот парламент при гласањето за доверба на неговата влада која со тенко мнозинство од 151 пратеник од 300-члениот грчки парламент доби доверба токму со писмо-доказ од Димитров дека Македонци повеќе не постојат.

Излезе на виделина големата лага на триото Заев, Димитров и Шеќеринска кои велеа во секоја прилика дека македонскиот идентитет со договорот за промена на името е зајакнат и бетониран.

Од друга страна се потврди сето она што во изминатата година го велеше Единствена Македонија дека договорот за промена на името е пишуван според терминологијата на меѓународото право каде зборот „nationality„ според меѓународното право означува државјанство а не означува националност во етничка смисла, не е исто со зборот „етнички„ (ethnicity) а кое нешто вешто го криеше марионетската влада на Заев дека со дговорот се бришат Македонците во национална и етничка смисла“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток