Македонија

Интитут за јавно здравје: Најмногу заболени од грип во Куманово, а најмалку во Дебар

Во текот на 2-ра недела од 2019 година (07.01-13.01.2019), во Република Македонија пријавен е 281 (I=13,6/100.000) новозаболен на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, што е зголемување за 43,4% во споредба со минатата недела.

Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 34,3% споредено со 2-ра недела од минатата сезона (n=428), а во однос на бројот за 2-ра недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 8 сезони) постои намалување од 80,4% .

Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=35,07/100.000). Активноста на вирусот на грип е под сезонското ниво, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.

Како и во текот на сите претходни недели од почетокот на сезоната, така и во 2-ра недела, најголем број заболени (n=198; 70,5%) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 26,7/100.000 жители е регистрирана кај лицата од возрасната група од 0-4 години.

Оваа недела пријавени се заболени лица од 20 извештајни единици, а во 12 извештајни единици бројот на пријавени заболени лица е над 10. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Куманово (n=39), а највисока инциденца (I=104,5/100.000) е регистрирана во ПЕ Дебар .

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток