На 17.01.2019 година во 09.15 часот во село Кетеново, кратовско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(40) од Скопје и автобус „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(25) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Љ.И.(57) од Скопје, сопатник во патничкото возило, додека Д. К.(83) од Скопје и Г.Ј.(24) од Скопје, исто така, сопатници во патничкото возило, се здобиле со телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болницата „Св.Наум“ каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кратово.
На 17.01.2019 година во 15.45 часот на крстосницата од булевар „АСНОМ“ и улица „Февруарски Поход“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.А.(47) од Скопје и патничко возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(19) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото „Сеат Ибица“ и М.С.(20) од Скопје, сопатничка во истото возило. На повредените им била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.