Коментари

На кого више му е гајле за ,,црни листи” на америте, прашање на време е кога по улициве ќе почнат да се веат руски знамиња, вели Јоци

Постојат повеќе листи согласно кои различни лица можеби се истражуваат во различни контексти во однос на корупцијата и сите тие лица се истражуваат за да може да се донесат соодветни санкции. Сепак информациите треба да дојдат од Вашингтон, изјави амбасадорката на САД, Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои имиња ќе се најдат на „црната листа“.

Јорданка Ивановска Јоци преку социјалните мрежи порача дека веќе на никого не му е грижа дали ќе се најде на оваа црна листа.

„На кого више му е гајле за ,,црни листи” на америте.

Оваа вест во 2023 му доаѓа ко виц!

Ја исцицаа крвта на Македонија оние со кои америве се сликаат 20 години и ги оставаат да докрадат, но три дена лиферуваат соопштенија за некакви ,,листи”. Па досега десет листи направија и никому ништо.

Нека се почуди Агелер уште малку зошто Путин и Русија за македонскиов народ за пет години пораснаа во величенствена фигура и земја.

Можеби, затоа што ни САД веќе не е тоа што беше. Прашање на време е кога по улициве ќе почнат да се веат руски знамиња“, вели Јоци.

На почеток