Зеколи: ДУИ намерно го понижува СДСМ за да му помогне на ВМРО-ДПМНЕ
Поранешниот амбасадор, актуелен политички аналитчар и колумнист, Арсим Зеколи тврди дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети намерно го девалвира премиерот Димитар Ковачевски и неговата СДСМ бидејќи сака ВМРО-ДПМНЕ побрзо да дојде на власт.
„Однесувањето на ДУИ не е скандалозно. Туку е смислена стратегија за да помагање на ВМРО-ДПМНЕ преку понижување до дотепување на ионака декласираната СДСМ. СДСМ не е факторот ни приоритетот на ДУИ. Приоритет на Ахметовистите е да се спречи соработката на опозицијата со националистичката ВМРО-ДПМНЕ и се обезбеди ексклузивно право на ахметивистите да се вратат во владеачкиот кревет со Груевски.“, напиша Зеколи на Твитер.
СДСМ не е факторот ни приоритетот на ДУИ. Приоритет на Ахметовистите е да се спречи соработката на опозицијата со националистичката ВМРО-ДПМНЕ и се обезбеди ексклузивно право на ахметивистите да се вратат во владеачкиот кревет со Груевски.
— Arsim Zekolli (@ArsZek) March 9, 2023