Зеколи со прашања до Агелер: Дали најавите за санкции и црни листи се дел од шемата на ФБИ и Еди Рама за уценување на опозицијата?
Екс амбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи на Твитер поставува четири прашања до Американската Амбасада во Македонија во врска со функционерот на ФБИ кој ја водеше истрагата за руските врски на Доналд Трамп за на крајот да излезе дека тој самиот имал врски со руски линкови на Путин.
„Прашања до Американската Амбасада во Северна Македонија.
1.Дали Македонија е засегната од шпиунско – коруптивната шема на ФБИ Агентот МекГонигал која ги потресува САД и Албанија?
2.Дали мрежата на влијание од МекГонигал преку Еди Рама ги опфаќа и Али Ахмети, Димитар Ковачевски, Зоран Заев, Арбен Таравари како блиски до Рама?
3.Дали тековните напори за “зајакнување на коалицијата” е дел од истата шема ФБИ виа Рама?
4.Дали најавите за санкции и црни листи се дел од шемата на ФБИ и Еди Рама за уценување / дефамација на опозицијата според моделот употребен од ФБИ и Рама против Сали Бериша?“, стои во објавата на Твитер.
Прашања до Американската Амбасада во Северна Македонија.
1. Дали Македонија е засегната од шпиунско – коруптивната шема на ФБИ Агентот МекГонигал која ги потресува САД и Албанија?
— Arsim Zekolli (@ArsZek) January 31, 2023