Коментари

Најчевска до Зеколи: Слушај креле продадено, или јавно ќе се извиниш или ќе се гледаме на суд

Професорката Мирјана Најчевска објави колумна на Арсим Зеколи во врска со македонско-српските односи. Таа преку социјалните мрежи му порача да се извини, а доколку не го направи тоа ќе се видат на суд

„Слушај креле продадено, или јавно ќе се извиниш или ќе се гледаме на суд,

Секоја белосветска будала платена од Али Ахмети си зеде сила и се размавна со националистичко-нацистичките крилја и без срам и перде шири бљувотини. Нека покаже крелецот едно единствено нешто кое би го поткрепило неговото тврдење за моето наводно “србољубство“.

Очекувам јавно извинување во рок од 7 дена потоа следи пријава за навреда.

Заради вакви крелци расте омразата кон се што е aлбанско во Македонија.

Ова се тие скриени платеници кои ја уништуваат идејата за граѓанско општетсво, лажат за минатото, ја извитоперуваат сегашноста и ја изгнасуваат иднината дури и пред да прфне.

Ваквите крелци треба да бидат судени и осудени во секоја нормална држава за сеење лаги, омраза врз етничка основа и пред се заради свесно дестбилизирање на државата“, вели Најчевска.

На почеток