Тасевски до Пендаровски: На која држава и се заколна дека ќе ја штитиш? Што сте бе вие? Шверцери?
После црниот петок, прогласен од синдикатите за во Собранието, усвоените Бехтел&Енка закони, следуваше брз потпис на Указите за сите 5 закони.
Претседателот Стево Пендаровски објави дека ги потпишал по консултација со своите правни експерти. Тврди дека никаде ја нема озлогласената формулација за 60-часовна работна недела и поради тоа го потпишал ова законско решение.
Актерот Сашо Тасевски објави статус на социјалните мрежи во врска со ова.
„Стево како тоа законот е противуставен ама ти ќе го потпишеш?
Значи го кршиш уставот.
Кажи чиј претседател си ти?
На која држава?
На која држава и се заколна дека ќе ја штитиш?
Што сте бе вие?
Бакали, пиљари, препродавачи… шверцери. Државава тезга ви е?
Патлиџан не продавате бе“, вели Тасевски