Македонија

Силјановска и официјално претседател на Македонија, утре назначување и влез во Вила Водно

За Претседател на Република Северна Македонија е избрана Гордана Сиљановска Давкова, со мнозинство гласови од избирачите кои гласале, односно 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски 251.899, констатираше денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски на седницата на ДИК, објавувајќи ја конечноста на резултатите од гласањето за Претседателките избори од 8 мај.

Записникот за конечност на резултатите од гласањето беше усвоен едногласно на седницата.

Собраниската седница за инаугурацијата на победникот на претседателските избори Гордана Силјановска-Давкова беше закажана за недела, 12 мај 2024 година во 12:00 часот.

Силјановска-Давкова потоа ќе треба да положи заклетва пред пратениците во заминување.

Противникот Стево Пендаровски доби 251.541 глас. Петгодишниот мандат на Пендаровски завршува на 12 мај.

На почеток